Ламелни сита и филтри

Станува збор за високо технолошки производ со високо ниво на know-how, во повеќето случаи ламелното сито е незаменливо со друг производ.

Пресивната површина е формирана од челична жица со клинест профил.

Ламелните сита се користат претежно како ситови површини за технолошки апликации и процеси при компресија, одводнување, пресување, сушење и ферментација во прехранбената индустрија, производството на шеќер, во пиварите и др.

Исто така ламелните сита се користат во хемиски, фармацевтски и други слични индустрии, при обработка на јаглен и руди, при одводнување на различни суспензии и талог во пречистителните станици и сл.

Стабилноста на процесите се гарантира преку прецизноста на дијаметарот и профилот на спирални жици или преку заварување на носечки попречни жици на еднакви растојанија.

Ламелните ситови површини можат да издржат значително оптоварување на единица површина (до стотици килограми).

Работната површина на ситото е мазно обработена и може да биде рамна, брановидна или со различни форми, (овална, параболична, кружна и др.)

Ламелните ситови површини се незаменлив дел при различни специјални објекти и установи, на пример фабрики за сепарација, дренажни површини, гравитациски шини и т.н.

За особено тешки апликации или за прицврстување во технолошки објекти можно е ламелните ситови површини да бидат појачани.

 

Дополнителни информации побарајте во каталогот ламелни сита.

Каси и кошници