Подни решетки, газишта и скали

ЕуроСитекс е специјализирана за производство и испорака на подни решетки и скалила. Според технологијата на производство на челичните решетки постојат два основни вида: контактно заварени или пресувани.

SP – контактно заварени

Контактно заварените решетки се особено погодни за игралишта, канали и др.

Имаат многу добра носивост и отпорност против извртување.

Контактно заварените решетки се произведуваат по стандардот DIN 24537.

Максимални димензии кај заварените решетки: 1000мм х 3000мм.

Стандардна мрежа кај заварените решетки : 30х30

 

P – пресувани

Пресуваните решетки се погодни како елементи од фасади на згради, покривање на канали, англиски дворови, помошни скали и др.

Пресуваните решетки се за големо оптоварување и ја наоѓаат својата апликација на места каде што минуваат тешки возила, најчесто камиони.

Максимални димензии кај заварените решетки: 2000мм х 2000мм.

Стандарден отвор на мрежа кај заварените решетки:30х30

 

СКАЛИЛА – Пресувани и заварени

Скалилата се произведуваат со појачана предна страна која има противлизгачки профил. Скалилата можат да се прицврстат со завртки или начин наложен од клиентот.

Максимални димензии кај скалилата: 1200 мм х 305 мм.

Стандарден отвор на мрежа кај скалилата :30х30

 

РЕШЕТКИ ЗА СТАЛАЖИ – НОВО

   

Каси и кошници