Транспортни ленти

Транспортните ленти наоѓаат примена речиси во сите сектори на современата индустрија, како средство за забрзување на транспортот и манипулацијата на производите, како и за подобрување на целокупната ефикасност на производството. Многу често овие транспортни ленти се составен дел од опремата или технолошките комплекси. Станува збор претежно за транспортни ленти од челична жица (поцинкувани, прохромски, огноотпорни) и од челични плочки. Примената им е многу широка, од рударската, металургичната, стакларската и машинопроизодствената индустрија до градежната, дрвната, текстилната, прехрамбената индустрија, каде што примената е најраспространета.

Транспортните ленти се изработуваат само по нарачка, бидејќи варијантите на технички параметри се многу.

За типот на ленти кои ги нудиме погледнете во каталогот.

Каси и кошници